Во организација на Локалната самоуправа и Советот на Месната заедница Велгошти, вечерва со почеток во 20:30 часот во атарот на манастирот „Света Петка“ ќе се одржи традиционалната манифестација „ Живко Чинго“ со која ќе се одбележи 25-годишнината од чествувањето на еден од најистакнатите прозаисти во современата македонска книжевност.

Пред почетокот на програмата, делегации на Општина Охрид, Месната заедница Велгошти и други институции и организации ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Живко Чинго.

Во рамки на манифестацијата пред присутните ќе се обрати градоначалникот Никола Бакрачески, кој ќе му ја додели наградата на Петре Димовски, авторот на првонаградениот расказ „Трансакција“.

Предвиден е и настап на групата „Мерак“ , а свој настап ќе има и културно уметничкото друштво „Илинден“ од Велгошти.

OhridNews