Со концерт на истакнатиот германски пијанист и професор Клаус Шилде, вечерва во катедралната црква „Св. Софија“ ќе биде отворено првото издание на фестивалот „Piano Summer Ohrid“.
Вечерни концерти се предвидени во салата на општина Охрид и на отворено во дворот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“.
Во рамки на фестивалот ќе се организира и Меѓународна летна академија за пијано која ќе биде под водство на истакнатиот германски пијанист и професор Клаус Шилде.
OhridNews