Денес и утре Охрид станува епицентар на коктел културата. За првпат годинава охриѓани и посетителите ќе може да уживаат во коктели што ги разигруваат сетилата, богата музичка програма и атмосфера што не смее се пропушти.
Од BNJ production, организатори на Ohrid Cocktail Festival, посочуваат дека истиот е наменет за сите љубители на коктели, добра музика и едукација и има за цел да ја збогати локалната културна сцена и да привлече посетители од различни краеви.
Настанот е планирано да започне околу 19 часот со едукативни сесии каде искусни бармени ќе зборуваат за коктелот некогаш и сега, каде ќе нè однесе следната доза на креативност и која е формулата за коктел бренд од светска класа.
Ќе бидат понудени коктели од страна на баровите кои ќе се дел од истиот кои нема да бидат стандардни и истите ќе бидат по промотивни цени.
Во двата фестивалски денови за музичкиот дел ќе бидат задолжени локалните диџеи Face, Jaybeats, Rootboy Selector и Gec, како и бендовите No Fun и Urban planet.
Ohrid Cocкtail Festival ќе се одржи на кеј „Македонија“ пред хотелот „Палас“.
OhridNews