
Љубителите на флоклорот, народните песни и ора, во текот на претходните фестивалски вечери имаа можност да ги проследат настапите на ансамблите ,,Варна’’ од Бугарија, ,,Измир’’ од Турција, ,,Дримкол’’ од Вевчани, ,,Иван Горан Коваќевиќ” од Хрватска, како и македонскиот фолклорен ансамбал ,,Танец’’, кој одржа целовечерен концерт во рамки на свеченото отворање на фестивалот.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолклорна манифестација, основана во 1962 година. Над дваесетина години Балканскиот фестивал на народни песни и игри е член на двете асоцијации во рамките на УНЕСКО – Интернационалниот совет на организациите за фолклорни фестивали и фолклорна уметност и Меѓународната организација за фолклорна уметност.












