Скопските ривали МЗТ и Работнички ќе ги одмерат силите во финалето од годинешното издание на Купот на Македонија кое се одржува во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.

Кошаркарите на МЗТ Скопје и Работнички во полуфиналните пресметки ги совладаа своите ривали Блокотехна (89-78) односно Куманово (77-68) и закажаа нова спортска „војна“ за трофејот од Купот.

Вовед во утрешното финале помеѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе биде финалето во женска конкуренција во кое ќе се сретнат Бадел 1862 – Вардар.

OhridNews