Градските ривали Партизан и Црвена Ѕвезда ќе играат во финалето од регионалната кошаркарска АБА лига.


Во првиот полуфинален натпревар Црвена Ѕвезда во шокатна завршница го совлада Раднички Крагујевац со 79-78 додека Партизан полесно од очекувањата славеше на организираторот на завршницата Игокеа 63-57.

Македонскиот репрезентативец во екипата на Црвена Ѕвезда, Предраг Самарџиски не настапи во полуфиналниот натпревар.

Мх.П.