Во наредните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во средината на неделата и умерен ветер претежно од североистичен правец, информираат од УХМР.
Максималната дневна температура во Охрид во понеделник, ќе достигне до 8 степени Целзиусови.
Сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен североисточен ветер, ќе биде и во вторник. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до -5, а дневната ќе достигне до 6 степени.
Студено ќе биде и во среда кога дневната температура ќе се искачи до 4 степени.
OhridNews