Едриличарската Федерација на Македонија на традиционалниот собир за Св Никола, заштитникот на сите морепловци ги прогласи најуспешните за 2011 година. Овогодишни лауерати се Новица Вељаноски од ЕК “Бофор“ – Охрид во машка и Ирена Грунче  од ЕК “Бофор“ во женска конукренција.


–    Во годината што измина реализирани се најголемиот дел од планираните активности. Годинава учествуваме на балканските шампионат во олимписките класи Оптимист во Измит , Турција и на Европскиот шампионат за класата Ласер 4.7 во Воркум, Холандија – истакна претседателот на федерацијата  , Љупчо Поп-Стефанија.

За Новица Вељаноски кој прв пат ја добива оваа награда, ваквото признание ќе биде дополнителен потстрег да продолжи да се занимава со овој спорт.


–    Годинава настапив на огромен број на регати, за мене огормен предизивк преставува едрењето на појаки ветрови кое и тоа како е поекстремно и адреналинот уште повеќе се крева. – вели Вељаноски.

Со едрење се занимава шест години, а како и за Новица така и за Ирена ова е прво вакво признание во нејзината спортска кариера. 


–     Чувството на слобода е она што ме влече кон едрењето, неописливо е чувството кога ќе се излезе на отворено море – рече најдобрата во женска конкуренција Ирена Грунче.

М.П.