Вељаноски упати покана до странски набљудувачи за следење на изборите
16.04.16 13:00
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Мајкл Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.
Вељаноски, согласно уставните и законските надлежности, вчера потпиша Решение за распишување предвремени избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година.
Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.
По повод јубилејот, 80 години од своето основање, Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ, ги додели годишните новинарски награди, одбележувајќи осум децении континуирана и посветена работа во...
Утре во 10 часот во општинското основно училиште „Кочо Рацин“, ќе биде одржана показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност Вежбата ќе се реализира ...
Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија Целта на Спогодбата, како што посочуваат, е воспоставување на прав...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.