Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја предводи Македонската црковно-државна делегација за одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил”, која секоја година се одржува во главниот град на Италија.

Во рамките на манифестација, денес во Ватикан, делегацијата ќе има аудиенција кај папата Франциск, а претседателот Вељаноски ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Исто така, делегацијата ќе присуствува и на благословување на спомен-плочата на благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј во Базиликата „Санта Марија Маџоре” во Рим.

OhridNews