Шпанскиот судија Карлос Веласко Карбаљо ја доби честа да биде главен арбитар на првиот натпревар на Европското првенство во фудбал, кое во петок ќе биде отворено со натпреварот Полска-Грција.

„Среќен сум и горд што се наоѓам на
листата на судии кои ќе ги судат натпреварите на ЕП. Самото присуство
тука е успех и потврда на напорната работа“, изјави шпанскиот судија.

Kарбаљо додека минатата сезона
го судеше финалето во Лига Европа помеѓу Порто и Брага. Вториот меч од оваа група помеѓу Русија и Чешка ќе го суди англичанецот Хаувард Веб.

Познати се сите делители на фудбалската правда во првата рунда во Б групата. Словенецот Дамир Скомина ќе го води мечот Холандија – Данска додека дерби пресметката меѓу Германија и Португалија ќе ја суди французинот Стефан Ланој.

На сите натпревари, ќе ги има 31, правдата ќе ја делат петмина судии на теренот – главен, двајца помошници крај аут линиите и двајца помошници зад головите, овие петмина судии ќе бидат од иста земја.

На последното Европско првенство главните судии на секој натпревар инкасираа по 10.000 евра, помошниците заработуваа двојно помалку, а четвртиот судија добиваше по 4.000 евра.

УЕФА сè уште нема објавено колкав ќе биде хонорарот на судиите за Еуро 2012.

OHridnews