– Ситауцијата по првиот дел од сезоната ја знаете сите, имав средба со челните луѓе на клубот на која не успеавме да ги договориме условите под кои би ја продолжил соработката и се одлучив да заминам – вели Велески.
– Имам понуди од неколку прволигашки клуба, а исто така постои интерес и од второлигаши кои се аспиранти за влез во елитата, до крајот на неделава ќе биде донесена конечната одлука. Но новиот тренер и на моите поранешни соиграчи им посакувам се најдобро – рече Велески.
Покрај Велески, досега охридскиот клуб го напуштија Пројков, дефанзивецот Ѓорески кој го засили 11 Октомври, Ф.Митрески и најдобриот стрелец Димовски преминаа во есенскиот вицепрвак Металург, а заминување најави и дефанзивецот Белица.