Жителите на Велгошти каде живеат околу 5000 луѓе денеска го изразија своето незадоволство од состојбата во која се наоѓа инфраструктурата во оваа населба. 
Тие се жалат на раскопани улици, кои, како шти велат се уште не се санирани по поставувањето на канализационата мрежа.
Велгоштани протестираа и во март, кога побараа да се санираат оштетувањата на улиците во населбата, а проблеми како што рекоа тогаш, има и со водоснабдувањето и подигање на сметот.
OhridNews