Градежните работи кои се одвиваат во Велгошти никако да завршат. Од една страна се поставуваат цевки за атмосферска канализација, од друга страна се нивелираат шахтите (потег кој е за поздравување), но   никако да се доизгради и да се заврши канализационата мрежа, пренесува локалниот on line медиум „velgosti.com“.

Најлоша е состојбата со улицата која води до црквата Св.Димитрија.


Иако повеќе од три месеци се поставува канализација работите никако да завршат. Поради тоа велгоштани пеш не можат да си дојдат до своите домови бидејќи мора да одат низ калливата уличка.


– Во 21 век во време на современа градежна механизација мораме да газиме вода и кал реагираат Велгоштани и додаваат дека никој не е против градежните работи кои се изведуваат, но мора истите да се реализираат со побрзо темпо.

OhridNews