Голем дел од ветените проекти во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ во Охрид се испоплнети и продолжува нивната реализација со несмален интензитет и во наредниот период беше потенцирано при денешниот увид во градежните активности на дел од проектите во Охрид од страна на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Градоначалникот Пецаков истакна дека денес ќе посетат шест од проектите кои се работат, потенцирајќи дека на десет локации во градот имаат проекти.

Оваа градежна офанзива во наредниот период ќе продолжи поинтензивно со асфалтирање на локални улички и сокачиња, и поплочување со бекатон плочки онаму каде што не е возможно да се асфалтира, а секако и многу други проекти за кои финишот ќе го видиме во наредниот месец. Посетивме неколку локации каде во тек е изградба на фекална канализација, онаму каде што немало во население места, го решаваме водоснабдувањето во селото Лескоец со над 500 метри нова главна водоводна линија, која ќе ги снабдува жителите со вода. Ова игралиште во Велгошти е едно од двете ветени повеќенаменски игралишта во Охрид кои беа во мојата програма и истото е пред самиот финиш. На почетокот на наредната недела ќе го добие конечниот лик и во Велгошти ќе имаме современо игралиште за кое јас лично се гордеам како и сите оние што тука живеат, рече Пецаков.

Велгошти добива современо повеќенаменско игралиште

Додаде дека продолжуваат и активностите за асфалтирање на кракот од улицата „Мирка Гинова“, а од понеделник продолжуваат да се решаваат проблемите во секое населено место и секое село.

Уште еден крупен проект кој ќе го посетиме во текот на денот се улиците „Прилепска“ и „Будва“ каде покрај реконструкцијата и добивањето современ лик имаме и уредување на речното корито на реката Сушица со тоа што ќе добие модерен лик. Таму се заокружува еден цел концепт во населбата Црногорци, према Железничка на уредувањето на улиците, истакна Пецаков.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека денес во Охрид заедно со градоначалникот, со пратеничките, со претседателот на Советот, со претседателот на Општинскиот комитет прават увид на тоа што се работи, тоа што било ветено во кампањата за локалните избори.

Навистина сум задоволен што можам да заклучам дека тоа што е ветено и повеќе е направено во оваа прва година од мандатот на Пецаков. И се надевам т.е. да бидам попрецизен сигурен сум дека предвреме целокупната програма ќе биде испорачана и реализирана од тоа што беше ветувано на последните локални избори овдека во Охрид. Нормално е кога се реализираат проекти човек да е задоволен од тоа што го гледа. Затоа што проектите значат поквалитетен живот и посреќни граѓани. Такви граѓани денеска можевме да видиме на сите места, каде што посетивме и каде што направивме увид во овие градежни активности. Јас навистина сум задоволен и продолжуваме како што кажав на почетокот со несмален интензитет и со исто темпо, уште посилно темпо, рече Мицкоски.

Додаде дека и после победата на предвремените парламентарни избори, формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште поитензивно ќе ги реализираат сите проекти кои што ги ветиле и оние дополнително кои што не ги ветиле во програмата ќе бидат опфатени во кампањата за предвремените парламентарни избори.

Н.С.Ј.