По поставувањето на  канализација, нова водоводна линија , атмосферска канализација, асфалтирање на главната улица, во Велгошти деновиве отпочна и изградбата на тротоари. Како што јавува локалниот портал Velgosti.com“, во моментов се работи на поставување на граничници од левата страна на улица “Илинденска”, по што ќе следи и поплочување со бекатон. Неодамна ЈП„Нискоградба“ најави дека до Велигден ќе се завршат сите активности, иако градежните работи започнаа на 6-ти април.

Велгоштани главно се задоволни од почетокот на работите: Незнам дали се работи за предизборен трик или не, но ги поддржувам напорите да се постават нови тротоари во Велгошти, коментира локален жител и додава дека треба да се реши и проблемот со спортската сала како и да се асфалтираат споредните улици кои беа раскопани со изградбата на канализацијата.

OhridNews