Голем број верници од Струга, Охрид и околните населени места се поклонија пред моштите на Св. Георгиј и чудотворната икона посветена на овој светец, кои традиционално на 7-ми мај се изнесуваат од храмот Св. Георгиј во Струга од каде со литија минуваат низ улиците на градот.

Претходното во црквата посветена на заштитникот на градот се одржа богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски Тимотеј.

Раскошната поворка со чудотворната икона на светецот и неговите свети мошти, беше поздравена од стружани кои со цвеќе го посипуваа патот по кој во песна чекореа свештените лица пратени од верниците.

Моштите на Св. Георгиј Победоносец се донесени во Македонија во 2003 година од Светогорскиот скит Кавсокаливија, преку архимандриотот Епифаниј од Атина. Подарени му се на архимандриото Партениј за метохот на Св. Георгиј Победоносец во с.Рајчица, Дебар. Овие мошти се надалеку познати по своето чудотворство и исцелителност.

Оваа убава духовна традиција е обновена во 2009 година.

OhridNews
фото: bigorski.mk