Голем број верници учествуваа на свечената литија со моштите на св. Георгиј Победоносец, што изминатиот викенд  се одржа во сабота во Струга. После празничната вечерна богослужба, која во целост го исполни храмот на Св. Георгиј, река народ во свечена поворка се упати кон центарот на градот, проследена со знамиња, крстови, чудотворната икона на маченикот и неговите свети мошти.

– Беше тоа една раскошна процесија, налик на оние што се прават во големите православни центри, а Струга ликуваше со овој велелепен настан, потсетувајќи се на старите славни времиња.– пишуваат монасите од манастирот Св. Јован Бигорски, кои заедно со сестринството од манастирот Св. Ѓорѓи“ во Рајчица беа во литијата, што ја предводеше митрополитот Тимотеј.


Величенствена литија во Струга

OhridNews
фото: Дебарско-кичевска епархија
-Манастир Св. Јован Бигорски