Десеттици илјади граѓаните од Скопје и цела Македонија им приредија величествен пречек на градскиот плоштад на ракометарите на Вардар кои ја освоија титулата во Лигата на Шампиони. Со „црвено црни“ одбележја и песни посветени за клубот и нашата земја насобраните граѓани ги поздравија европскиот шампиони кои на сцената излегуваа еден по еден.

  

„Вардарци“ на Ф4 турнирот отпатуваа како дебитанти со најмали шанси за победа, но таму покажаа срце и карактер и на колена ги фрлија ракометни гиганти како Барселона во 1/2 финалето и Пари Сент Жермен во финалето. 

„Црвено црната“ забава во Македонија започна на аеродромот „Александар Велики“, каде со трофејот пристигнаа ракометарите кои со златни букви се запишаа во историјата на клубот и Лигата на Шампиони.

OhridNews