Поради насилни и агресивни сцени, турската долгометражна серија „Величествениот“ ќе мора да се класифицира во втора категорија, одлучи Советот за радиодифузија во текот на вчерашниот ден, пренесува „Вест“.

Според нив, една од националните телевизии на кои се емитува оваа теле-новела, ќе мора да ја усогласи класификацијата на серијалот со правилникот за заштита на малолетната публика.

Во анализата направена од страна на советниците, стои дека епизодите емитувани во изминатиов месец прикажувале сцени со физичко насилство, заложништво, самоубиство, апсење и воени заседи кои штетно влијаат врз психичкиот, физичкиот и моралниот развој на малолетната публика.

Телевизијата треба да ја усогласи класификацијта на серијалот со правилникот за заштита на малолетната публика, а репризите кои се емитуваат околу 16 часот, да ги прикажува по 17 часот.“ – стои во препорака од Советот, како што пренесува овој дневен весник.

Инаку, програмите класифицирани во втора категорија малолетните деца не ќе семат да ги гледаат сами.

OhridNews