По повод Велигденските празници Клубот на жени на СДСМ- Струга , денеска и утре организира хуманитарна акција на која ќе се донираат велигденски кошнички на социјално загрозени семејства во општина Струга. Исто така, велигденски кошнички ќе се подаруваат и на други семејства независно од нивната верска припадност.

Велигденската акција се организира во рамките на програмата на Клубот на жени на СДСМ- Струга предвидена за 2012 година.

OhridNews