Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески и претседателот на Советот  Душко Јаковчески , со најискрени желби ,на верниците од  католичка вероисповед им го честитаат големиот  христијански празник Воскресение Христово- Велигден.

– Во ова време на наплив на минливи вредности, не смееме да го заборавиме патот кон иднината и да ги афирмираме заедничките вредности ,вдахновени од примерот на Христа. Во овие празнични денови на граѓаните на Охрид и неколкуте илјади туристи  што ги очекуваме, им посакуваме среќа, радост, здравје и добро празнично расположение – се вели во заедничката честитка на градоначалникот Александар Петрески и председателот на Советот Душко Јаковчески.

OhridNews