По повод Велигденските празници, членовите на Ротаракт Клубот Охрид го посетија Геријатриското одделение при Општата болница. При тоа на штитениците во одделението им беа подарени Велигденски јајца собрани на претходно организираната акција во која беа вклучени граѓаните и посетителите на Охрид  кои донираа велигденски јајца, во поставената кошничка во кафе барот “Ликвид”.

– Задоволството беше огромно, во текот на овие празнични денови да им се посвети внимание на штитениците во Геријатриското одделение, кое не чини  ништо, а вреди многу за луѓето кои престојуваат таму и не се во можност за празникот да бидат во своите домови, напоменуваат од Ротаракт клубот.

OhridNews