Велики Петок, петокот пред Велигден – 22 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјата, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Воедно, додаваат дека понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар, 25 април е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Од Министерството на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честитаат големиот христијански празник Велигден.
OhridNews












