Офанзивецот на охриѓани Велјаноски Наум го напушти Охрид 2004 и потпиша за скопскиот второлигаш Еуромилк. “Млекарите“ изминатава сезона претрпе пораз во бараж средбата со Хоризонт Турново за влез во Првата лига.


Велјаноски во прволигашката епизода за “рибарите“ настапи на 15 натпревари, тој е трет фудбалер по Каланоски и Далчески кој најде клуб по напуштањето на Охрид 2004.

Мх.П.