
– Секако дека тоа што се случи пред големиот празник не е убаво, но мислам дека институциите ќе одговорат на задачата и за кратко време ќе има резултати, изјави Велјаноски.
МВР формираше Оперативен штаб кој раководи со активностите за откривање на убијците на петмината граѓани, кои ладнокрвно биле ликвидирани од непосредна близина. Полицијата ги вклучи сите расположливи капацитети, а активиран е и специјален телефонски број 199 на кој граѓаните можат да се јават доколку имаат било каква корисна информација што ќе помогне да се расветли петкратното убиство.












