Во рамки на фестивалот ќе се одржат и неколку изложби на фотографии на најстари велосипеди, уметнички велосипеди, а ќе бидат презентирани и неколку документарни филмови за историјата на велосипедизмот.
Програма на фестивалот во Центарот за култура Глигор Прличев во Охрид
• 12:00 Изложба на фотографии
•
• „Од историјата на Македонскиот градски велосипедизам“
• „Моите омилени велосипеди“ од Весна Трпковска
• „Вело Европа 2009“ од Александар Ристовски
• „Освежи се“ од Томислав Георгиев
• Македонска велосипедска фотографија
•
• 13:15 Филм „Историја на велосипедизмот во Охрид“ р: А. Јованоски, 2010
• 17:00 Градска велосипедска тура
• 18:00 Филм „Додека водата тивко шумоли“ р: Коле Ангеловски, 1979
• 18:20 Филм „Фиксен град“, р: Мартин Гилук, Кристиан Ансанд, 2009
• 21:00 Музика за возење велосипед во Куба Либре
Фестивалот Велофест годинава се одржува за прв пат во Македонија. Започна во Скопје на 7 ми април, а завршува на 30 април исто така во Скопје. Еден од најголемите подржувачи на фестивалот е Холандската амбасада.