СВР Охрид со детали за вчерашната несреќа на „Туристичка“. Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди.
На 07.12.2021 во 11.55 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, управувано од 35 годишно лице од с.Требеништа, охридско, удрило во велосипед управуван од 72 годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews












