Викендов во организација на Велосипедска Федерација на Македонија и Планинско Друмскиот Велосипедски Клуб ЕкоДром од Охрид ќе се одржи планински Државен натпревар за ранг листа “ХС Куратица“.

Натпреварот ќе се одржи во соработка со месната заедница која навистина работи во поглед на популаризација на селото и природните убавини на планината Мазатар, ова е уште една новина каде за прв пат ќе организираме ваков тип на натпревар – вели Александар Јованоски од ЕкоДром.

Должината на кружната патека во Куратица ќе биде со должина од 3,4 км а право на учество имаат сите категории на лиценцирани велосипедисти и рекреативци

    

Ќе има два стартат и тоа еден во 11 часот за класите Хоби, Жени, Кадети и Мастерс, и еден во 12.30 часот за класите Елит и Јуниори.

Натпреварот кој се бодува за Ранг Листа 2012 се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ.

ohridnews