Дваесет велосипедисти од плоштадот во Охрид, тргнаа во освојување на затворената патека “Охрид – Струга – Дебар“ додека кадетите тргнаа од Дебар, кон Охрид. Трката организирана од  Велосипедскиот клуб Екодром и Велосипедската Федереација на Македонија, ќе влезе во бодовниот систем.


Времето е одлично, патеката е супер, значи се` е подготвено за добра трка. Се надевам дека ќе ме послужи среќата и ќе “извозам“ добра трка – рече еден од натпреварувачите.

Мх.П.