Охридскиот велосипедист Јован Јованоски го освои златниот медал на трката Водице во рамките од Хрватскиот куп во категоријата јуниори. На трката во Хрватска настапуваа 23 јуниори, сите прваци во своите земји. Покрај Јованоски учество на трката зеде Петар Упевчески, кој заврши на солидната единаесетта позиција.



– Конкуренцијата беше мала по натпреварувачi, но многу квалитетна. До сега сум поминал разно разни патеки, но како оваа во Водице не сум возел никогаш. Техниката беше сосема друга од онаа што ние ја практикуваме. На трката во Хрватска велосипедистите беа на испит на техничкиот дел, а не како што е обично на физичкиот –
рече Јованоски.


За резултатите на Јованоски, кој е член на охридскиот клуб „Екодром“ големи заслуги има тренерот Љубиша Кондев.

– Трката во Хрватска беше подготовка за она што го очекува Јован во Германија. Тој ја помина одлично, трката ја извози како по ноти без грешка. Трката во Германија е посилна и поголем предизвик од таа во Хрватска. Патеките се потешки бараат повеќе обраќање внимание на техничкиот дел, а секако да одговориш на тоа мораш да си максимално физички спремен – рече тренерот Кондев.


Следен меѓународен предизвик за охридскиот велосипедист Јованоски е трката во Светскиот куп која ќе се одржи во Германија, а од таму тргнува походот за норма за младинските Олимписки игри во Пекинг 2014 година.

Мх.П.