Втора година по ред Основто училиште Христо Узунов и спортската секција во училиштето во рамките на својата годишна програма има планирано, меѓу другото и „Велосипедски крос“ за учениците од предметна настава (VIII до  IX  одделение).

Велосипедскиот крос ќе се одржи во понеделник со почеток во 10:00 часот, а стартот на сите учесници на кросот ќе биде од училишниот  двор. Велосипедскиот крос ќе се вози по следната рута : О.У Христо Узунов-по ул.Питу Гули кон касарната-нас.Црногорци-Д.Лакочереј-Г.Лакочереј-Требенишко езеро,на враќање по истата рута накај Орман влез на Охрид од страна на Кичево(кај Лукоил-по Туристичка-Градски Плоштад(дефиле)-О.У.Христо Узунов.

Училиштето за организација и реализација на Велосипедскиот крос добива подршка од СВР-Охрид,Црвениот Крст-Охрид и велосипедскиот клуб ЗШ Точак.

Одржувањето на Велосипедскиот крос е во чест на државниот празник „8-ми Септември“-ден на независноста на Р.Македонија, а целта е подигнување на  свеста на сите учесници во сообраќајот дека и велосипедистите се рамноправни учесници,анимација на младите за потребата од физичка активност надвор од училишните клупи,запознавање на поблиската околина и безбеден начин за учество на велосипедистите во сообраќајот.

Ohridnews