Неодамна со жолта боја беа обележани велосипедските патеки , со што се „покажа“ дека надлежните водат грижа за безбедноста на оние граѓани кои како превозно средство го избрале велосипедот.

Но, очигледно е дека ионака малкуте по број велосипедски патеки кои некогаш се изградиле, постепено почнале да го губат своето значење и примена. На делови од нив се поставиле контејнери, сообраќајни знаци, рекламни билборди…Па така, доколку велосипедистите се одлучат да возат по нив, секако ќе треба да бидат многу внимателни и концентрирани за да не пропуштат некои од заобиколувањата на поставените предмети.

Се занемарува  намената и на оние патеки кои минатите години беа обележани на самите коловози.

Па така, на велосипедистите не им преостанува ништо друго туку да си возат по сред улица, надевајќи се дека барем возачите ќе бидат совесни и внимателно ќе возат.  

OhridNews