Велшкиот Свонси приреди сензација пласирајќи се во Премиер Лигата. Во натпреварот “да се биде или не“ на Вембли,  Свонси со 4-2 го совлада Ридинг и обезбедија виза за елитното друштво. Откако е формирана Премиер Лигата во 1992 година никогаш не настапувала екипа која потекнува од Велс а таа “црна“ традиција ја скрши Свонси.

Мх.П.