Големи плимни бранови од Јадранското море со денови го поплавуваат познатиот италијански град Венеција, а метеоролозите најавуваат дека ќе има и нови. Градот е поплавен, а на сила е вонредна состојба. Сликата од Венеција која ја пренесуваат светските медиуми сериозно предупредува на опасностите од климатските промени.

Скај Њуз: 70% од историскиот центар на Венеција под вода

Штетата од поплавите се проценува на околу една милијарда евра, но градските власти очекуваат таа да расте. Поплавени се педесеттинаа цркви, а под вода се плоштади, музеи, како и голем број продавници и хотели.

Градоначалникот на Венеција Луиџи Брињаро во изјава за медиумите истакна дека Венеција е првата граница на тоа што ќе му се случи на целиот свет со климатските промени. Тој побара да се размисли за основање на меѓународна агенција за вода, со седиште токму во Венеција.

OhridNews
фото: скриншот Јутјуб