Лондонските „топчии“ освоија бод на Виталити стадионот против Бурнмаут во 20-та рунда од Премиер лдигата иако по 70 минути игра имаа негатива 3-0 на семафорот.
Бодот за Арсенал го осигура Оливие Жиру кој погоди во втората минута од судиското продолжение. За домаќините претходно прецизни беа Даниелс, Вилсон и Фрејзер, а гостите во игра се вратија по головите на Алексис Санчез и Лукас Перез.
– Почетокот на мечот беше многу тежок за нас. Домашните играчи беа многу брзи и далеку подобри од нас. Бурнмаут заслужува аплаузи, бидејќи имаа голема предност и покажаа како се игра со срце за клубот. Винатата за лошата игра ја гледам во недостигот на одмор. Нашите противници имаа ден повеќе за разлика од нас, што многу значи во овој период од првенството. – изјави Арсен Венгер.
На распоредот се жалеше и Жозе Мурињо изјавувајќи дека челниците на Премиер лигата го форсираат Челси кој имаше најмногу одмор во однос на другите екипи.
Неверојатно реми на Виталити (видео)
OhridNews