Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го продолжи договорот со клубот на уште две години и сегашниотму истекува во 2016 година.
Сезонава „топчиите“ бележат одлични резултати во Премиер лигата. Тие се на врвот од табелата по седум одиграни натпревари што беше доволна причина за продолжување на договорот со францускиот стратег.
Венгер моментално во Премиер лигата е менаџер со најголем стаж во еден клуб откако неприкосновениот Сер Алекс Фергусон се повлече од клупата на Манчестер Јунајтед.
Мх.П.