Со триумфот во дербито од 2-1, Манчестер Јунајтед ја продлабочи кризата во редовите на Арсенал. “Топџиите“ во последните три натпревари во Премиер Лигата забележаа исто толку порази додека “црвените ѓаволи“ заедно со Манчестер Сити се издвоија на табелата, и меѓу нив две ќе биде трката за трофејот.


Јас нема што да објаснувам, предолго сум во оваа работа. Навивачите беа лути дека не успеавме да дојдеме до подоба резултат,  фановите наши доаѓаат на стадион плаќаат влезници и можат да си го кажат своето мислење но дали се во право – дециден беше Арсен Венгер.


Французинот на клупата од Арсенал, Венгер беше исвиркан откако од игра го повлече Чемберлен, кој му асистираше на Ван Перси за изедначувачкиот погодок, на негово место влезе рускиот интеренационалец Андре Аршавин.

Мх.П.