Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер нема по добро да го памети јубилејниот 1000 натпревар на клупата од „топчиите“ откако претрпе пораз 6-0 од градскиот ривал Челси.

„Сините“ со погодоците на Ето и Шурле во почетната фаза од мечот го најавија она што следуваше подоцна, а тоа канонада кон голот на Арсенал. Белгиецот Хазард и Салах погодија по еднаш, а Оскар два пати за убедлива „тениска“ победа.

Резултати : Челси – Арсенал 6-0, Кардиф – Ливерпул 3-6, Евертон – Свонси 3-2, Хул – ВБА 2-0, Мен Сити – Фулам 5-0, Њукасл – Кристал Палас 1-0, Норвич – Сандерленд 2-0, Вест Хем – Мен Ју, Тотенхем – С`тон, Астон Вила – Стоук.

Табела : Челси 69, Ливерпул 65 (-1), Арсенал 62 (-1), Мен Сити 63(-3), Тотенхем 53…

Мх.П.