Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, изјавил дека неговиот тим одиграл без грешка во победата над Борусија во Дортмунд (1-0).
„Задоволен сум, фокусирани бевме од самиот старт, бевме под притисок од почетокот до крајот, а ние не направивме ниту една грешка, одлично се браневме. Бевме компактни, игравме колективно и зрело“, изјавил Венгер.
Неговиот колега, Јирген Клоп, рекол дека тимот на Борусија не бил награден за добрата игра. „Тоа им го кажав по натпреварот, дека не се наградија за одличнио одиграниот натпревар. Сепак ние нема да се предадеме, треба да победиме на следните две средби. Чувствувам дека неправедно загубивме, но фудбалот се базира врз резултатите“, рекол Клоп.
По четири кола во Ф групата, Арсенал и Наполи имаат по 9 бодови, Борусија 6, а без бодови е Олимпик Марсеј.
„Макфакс“