Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не го криеше задоволството по триумфот од 2-0 над Наполи во Лигата на Шампиони, по кој го презедоа врвот на табелата во групата.
– Беше тоа маѓична ноќ на „Емирати“. Јас мислам дека гледачите уживаа во играта на Месут Озил, кој имаше бројни потези кои се граничат со фантазија. Го сакаат во Реал Мадрид, но сега ние сме среќни што го имаме него – рече Венгер за Озил, кој беше клучна фигура на теренот.
По два одиграни натпревари „топчиите“ се лидери на табелата со шест бодови додека „азурите“ останаа на три оние од победата над Борусија Дортмунд во првиот натпревар од ЛШ.
Мх.П.