Францускиот стратег Арсен Венгер е најсериозен кандидат за нов тренер на Баерн Минхен. „Баварците“ без тренер останаа после отказот кој му го врачија на Нико Ковач.

Венгер е слободен агент и ако двете страни најдат заеднички јазик, соработката може да биде многу скоро официјализирана. „Ил професоре“, своето име и репутација ги стекна водејќи го англискиот премиерлигаш Арсенал повеќе од 15 сезони.

Баерн Минхен активно работи на доведување на тренер а јавно клупата на германскиот првак ја одбија Тухел (ПСЖ) и Тен Хаг (Ајакс).

OhridNews