Англискиот преставник Арсенал, претрпе тотално фијаско на првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. Милан со 4-0 ги торпедираа “топџиите“ кои одигра далеку под своите можности.

Резултатот, играта и пристапот во натпреварот беа шокантни. “Кошмарната“ ноќ на Сан Сиро никогаш нема да ја заборавам. Милан повеќе од заслужено триумфираше на првиот меч, и со една нога е во 1/4  финалето – истакна менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони, помеѓу Арсенал – Милан се игра на 6 март на “Емирати“ стадионот.

Мх.П.