Преку 200 пријави пристигнале до вчера до здружението Богојавление за празникот Водици, кој традиционално ќе биде одбележан со масовно капење во осветените води на Охридското Езеро, каде во недела ќе биде фрлен чесниот крст.

Половината од нив биле верници од други градови на државата, но и од странство. Пријави пристигнале од Србија, Бугарија, Чешка, но и од други држави, информираат од Богојавление.

Се очекува бројот на пријавени капачи до празникот да се искачи над 1000.

OhridNews