Реки верниции од вчеравечер се упатуваат кон црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско и останатите верски храмови во Охрид и околината по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица–Голема Богородица.
Утрово, во црквата Каменско се служеше света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.
По повод празникот во црквата Каменско, вчеравечер, се одржа и вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“.
Утре, вторник, во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ Плаошник, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Неракотворен образ на Господ Исус Христос и преподобен Јоаким Осоговски, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.
OhridNews












