Голем број верници присуствуваа на богослужбата што денеска се оджа во катедралната црква Св. Софија во Охрид, по повод празникот Собор на македонските светии. Со тоа завршија свеченостите со кои МПЦ ја одбележа 50-годишнината од Вториот Црковно народен собор, на кој беше возобновена автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.


Празникот Собор на македонските светии е востановен по повод Вториот Црковно народен собор што пред половина век се одржа во Охрид. На тој Собор беше избран првиот поглавар на возобновената македонска црква г.г. Доситеј и беше донесен Уставот на МПЦ.


На богослужбата во Св. Софија, со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, присуствуваа сите владици на МПЦ, како и бројни верници и гости од другите верски заедници во земјава.

Ohridnews