– Ги упатувам моите молитви кон сите Македонци и до сите луѓе во светот. Посакувам мир и среќа за сите луѓе! -рече верник кој го сретнавме на Плаошник.
– Прво на најблиските им посакувам среќа и благосостојба во семејството затоа што навистина ова е еден од најголемите празници. Христос воскресе и со својата смрт ја победи смртта и тоа е една голема вистина и ни влеа верба дека на овој свет животот е најскапото нешто. За многу години, среќен празник на сите Македонци и на целиот наш народ му посакувам многу радост и здравје- вели друг верник.
По повод Велигден во сите парохиски цркви се одржуваат утрински златоустови литургии со почеток во 7.30 часот.