Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена во Баку за Големата награда на Азербејџан.
Второто место му припадна на тимскиот колега од Верстапен, Серхио Перез, кој исто така доби и дополнителен поен за најбрз круг на трката.
Место на победничкиот подиум си обезбеди и Џорџ Расел од Мерцедес.

Верстапен благодарение на победата го зголеми водството на табелата. Холанѓанецот сега има 150 пред Серхио Перез кој со 129 освоени бода го престигна Шарл Леклер и се искачи на второто место. Леклер е трет со 116 бодови.
Во поредокот кај конструкторите, Ред Бул е убедлив лидер со 277 бода по осум трки, Ферари е втор со 199 бодови.
Следната етапа во Ф-1 шампионатот ќе се одржи во Канада од 17 до 19 јуни.
OhridNews










