На Г.А. полициски службеник во Полициска станица од општа надлежност Охрид, изречена му е мерка „писмено предупредување“, бидејќи употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа, соопшти МВР.

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 34 решенија против 34 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно Колективниот договор на МВР.

OhridNews