Во рамки на своите редовни годишни активности, училиштето за странски јазици “САНРАЈС” организираше пригодна свеченост за групите од најмлада возраст во просториите на централната градинка “Јасна Ристеска”. Во присуство на родителите тие со песнички и дијалози на англиски јазик го одржаа последниот час во ова учебна година.
На дечињата кои ги посетуваа курсевите на училиштето за странски јазици “САНРАЈС” им беа врачени сертификати.
“Од денес почнуваме да го градиме ЦВ- то на овие млади ученици и придонесуваме тие да прераснат во едуцирани и квалитетни познавачи на англискиот јазик.” – изјави директорката на “САНРАЈС” професор Васе Битракова-Христова.
Курсот беше донација од “САНРАЈС” во рамки на низата активности околу одбележувањето на 20 годишниот јубилеј на училиштето. Ова реномирано училиште во сите овие години се покажа како лидер во изучувањето на странските јазици во регионални рамки.
“Горди сме што зад нас стои квалитетна и високо продуктивна работа за што сведочат многуте генерации кои поминаа низ нашето училиште.“ изјавија од “САНРАЈС”.
Воедно тимот на “САНРАЈС” свечено ја прослави и матурата на овогодишните матуранти кои пред 15 години го пречекорија прагот на училиштето како деца и сега израснаа во прекрасни млади луѓе и совршени познавачи на англискиот јазик.
Инаку во „САНРАЈС“ тек е формирање на групи за летните интензивни курсеви како и резервациите на места за наредната учебна година, информираат од училиштето.
OhridNews